<
>
Download
Genre/category

Graduate thesis
Zoology

University, School

Fakultet za zemjodelski nauki, Skopje

Grade, Teacher, Year

2016

Author / Copyright
Sophie M. ©
Metadata
Price 14.00
Format: pdf
Size: 0.88 Mb
Without copy protection
Rating
sternsternsternstern_0.25stern_0.3
ID# 55582







Diplomski trud: Sporedba na procentualnata zastapenost na odredenite delovi od trupot kaj trupovite na brojeri od razlicna golemina


Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје


Споредба на процентуалната застапеност на одредените делови од трупот кај труповите на бројлери од различна големина

- Дипломска работа -


Ментор: Изработил:

Проф. д-р Драгослав Коцевски       Марина Анастасова


Скопје, 2016

Споредба на процентуалната застапеност на одредените делови од трупот кај труповите на бројлери од различна големина

- Дипломска работа -


Датум на одбрана

_____


Дипломската работа е успешно одбранета

и оценета со:________


Проф.д-р Драгослав Коцевски


____


Проф.д-р .

____


Содржина



  1. Вовед


Бројлер е хибридно пиле добиено со вкрстување на повеќе раси или линии со изразено нагласени особини за брз пораст, односно гоење. Производи што се добиваат од бројлерското производство: пилешко месо, ѓубре и пердуви.
Секоја фирма која се
 занимава со бројлерско призводство создава свои хибриди кои смета дека ќе бидат економски исплатливи и ќе се продаваат на пазарот.

Првите
фарми во кои почнаа да се
одгледуваат бројлери се во САД, 1920 година. Тие одгледуваат специјално за храна. Бројлерите се познати по тоа што можат да растат брзо, се
хранат
со богата храна и имаат
ниско ниво на активност. Тие достигнуваат тежина од 2-3 килограми во само пет недели.

И машките и женските пилиња се колат за месо.

Нивната
генетиката нуди регуларност на бојата на кожата без оглед на видот на храната која се користи. Бројлерот е наменет за пазарите кои бараат две конкурентни живи продукти на производство и силни придонес од нив. Познати се по својата дигестивна робустност, како и ниска потрошувачка на вода, исто така и по тоа што произведува квалитетно ѓубриво без оглед на храната која ја консумира.

Сместувањето на бројлерите секогаш треба да е на високо ниво односно нивното здравје да е на високо ниво. Треба да бидат постојани под ветеринарен надзор. Исто така активно да се придонесува кон развојот на регулатива за здравствена живина и официјалните здравствени програми. Се испитува воздухот и нивото на бактерии со аграр гел – петриева плоча и се испраќа во лабораторија каде се добиваат резултатите.


  1. Цел


Бројлерот има забележително и важно место меѓу другите гранки на сточарството во однос на своите супериорни хранливи вредности и обезбедување на протеини од животинско потекло за кратко време и на евтин начин. Во последните неколку години се забележува зголемување на трендот на консумирање на бело месо со оглед на економичната цена на пилешкото месо во споредба со другите видови, особено со исполнување на преференциите на консумирање во урбаните подрачја со најновите техники на пакување што го овозможуваат консумирањето на пилешкото месо на парчиња, а исто така тука е свесноста на потрошувачите кои се запознаени со ниското ниво на холестерол споредено со црвеното месо. Постојат планирани и програмирани производства, обиди да се зголеми производството и да се намали цената на чинење водејќи сметка за условите во земјите и на пазарите во живинарскиот сектор во целиот свет.

Научниците имаат извршено најразлични истражувања според најразлични фактори. За тоа сведочат следните споменати истражувања.

Според едно истражување се информира дека разликите меѓу видовите влијаат врз перформансите на бројлерите и нивната вредност е на ниво од p<0,05. Додека пак, според друго истражување преиспитано е влијанието на возраста на колење (35, 51 и 63 денови старост) врз приносите од колењето на бројлерите и согледано е дека возраста на колење на бројлерите влијае врз приносот од колењето. Докажано дека приносот од колењето беше на највисоко ниво во периодот од 63 денови. Според друго истражување се тврди дека исхраната влијае врз тежината на трупот. Сепак, во испитувањата на лев и десен граден мускул кај бројлерите, е утврдено дека просечната тежина на трупот на бројлерите влијае врз стомачната маст. Друго истражување, пак, открива дека ограничувањата на исхраната при хранењето предизвикува намалување на тежината на трупот за време на нормалната пазарна возраст и исто така во развојот на апсолутниот граден мускул. Понатаму, друго истражување тврди дека односот на градниот мускул во целото пиле е 18%, а односот на целото крило е 12% во истражување на хранливите соединенија кај пилињата. Сосема друго истражување е она кое тврди дека како резултат на сечењето на трупот, се дознава просечниот однос на секое пресечено парче и односот на месото во овие парчиња. Земајќи ги овие вредности како основа, тоа ни овозможува да ги одредиме цените на парчињата со помош на коефициентите пресметани за секое парче. Оценување на трупот е неопходно за да може потрошувачот да купи месо со добар квалитет, а и произведувачот да може да одгледува животни кои се погодни за пазарните услови.

Како и да е, целта на овој дипломски труд е истражување со цел да се покаже процентуално тежината на трупот и деловите во труповите на бројлерите кои се со различна тежина.

Download Diplomsk­i trud: Sporedba na procentu­alnata zastapen­ost na odredeni­te delovi od trupot kaj trupovit­e na brojeri od razlicna golemina
• Click on download for the complete and text
• This is a sharing plattform for papers
Upload your paper and receive this one for free
• Or you can buy simply this text
  1. Актуелна состојба на живинарството во Република Македонија


Во живинарското производство постојат две јасно издиференцирани производни линии:

  • производство на јајца

  • производство на пилешко месо.

Покрај овие производи од живината се добиваат и разни нус производи од кланичната индустрија (живинско мешано брашно, хидролизиран пердув, маст), како и производи од живинското ѓубре (компост за печурки, за преживари и ѓубре) кои кај нас немаат некое поголемо значење.

Во поглед на производството на јајца во РМ во минатото постоеле одредени селекциски програми кои имале за цел добивање на поголемо производство на јајца од кокошки несилки, поради што може да се каже дека постои одредена традиција и искуство во реализацијата на оваа производна линија. Во последните години забележан е тренд на намалување на кокошките носилки, кои би можел да се објасни со севкупните транзициски примени кои го зафатија стопанското живеење во РМ и кои доведоа до гаснење на големите живинарски комбинати кои имаа општествен капитал.

Меѓутоа интересно е да се напомени дека наведената појава не доведе до значајно намалување на производството на консумни јајца на пазарот од причина што речиси во исто време присутна е појава и развој на живинарски претпријатија кои имаат приватна сопственичка структура и кои се носители на развојот во оваа столарска гранка. Со примената на современите технологии во живинарското производство истите успеваат со сопствено производство да ги задоволат вкупните потреби на домашниот пазар за консумни јајца. Согласно претходно наведеното може да се истакне дека производството на консумни јајца претставува примарна активност на македонската живинарска индустрија

Во поглед на структурата, живинарските фарми би можеле да ги категоризираме во три различни нивоа и тоа:

  • големи фарми - кои се со капацитет од околу 80,000 - 100,000 несилки по фарма и просечно производство од 200-250 јајца по кокошка годишно. Во РМ постојат десетина живинарски фарми од ваков обем и во нив се концентрирани околу 37% од вкупниот број несилки.

  • средни фарми - кои се со капацитет од околу 2,000 - 5,000 несилки по фарма и просечно производство од 108 јајца по кокошка годишно. Бројот на овие фарми е многу поголем и во нив се одгледуваат околу 63% од несилките.

  1. Најзначајни раси на живина во Република Македонија и нивни карактеристики


    1. Раси на живина за производство на јајца

    • Leghom - Најраспространета лесна раса на живина. Води потекло од Америка. Најпознат е белиот сој. Петлите имаат српест а кокошките лепезаст опаш. Оваа раса послужила како основа за стварање на лесните линиски хибриди кои несат јајца со бела лушпа.

    • Маса на кокошките: 1,8-2кг

    • Маса на петлите: 2,3-2,8кг

    • Време на пронесување: 4,5-5 месеци

    • Несивост: околу 250 јајца, со бела лушпа.


    • Еребичеста италијанка - Постојат 7 соеви кои се разликуваат по бојата на перјето, но најпознат е т.н. еребичест сој. Сите соеви имаат бели подушници, витко и издолжено тело. Полниот диморфизам е добро изразен.

  • Маса на петлите: 2-2,8кг

  • Време на пронесување: 5 месеци

  • Несивост: 140-180 јајца, со бела лушпа.


      1. Раси на живина за производство на месо (бројлери)

    • Светла брама - Створена е во Америка. Телото е крупно, масивно, а крестата е грашкаста. Постојат два соја: светла и темна брама.

    • Маса на кокошките: 3,5-4,5кг

    • Маса на петлите: 4-5кг

    • Време на пронесување: 8 месеци

    • Несивост: 120 јајца со обоена лушпа.


      • Жолта брама - Створена е во Америка. Телото е крупно, масивно, а крестата е грашкаста. Постојат два соја: светла и темна брама.

    • Маса на кокошките: 3,5-4,5кг

    • Маса на петлите: 4-5кг

    • Време на пронесување: 8 месеци

    • Несивост: 120 јајца со обоена лушпа.


      • Orpington - Оваа раса е створена во Англија. Постојат неколку соеви од кои најпознат е жолтиот. По изгледот е набиена, заоблена, со растресито перје. Отпорна е и добро се аклиматизира. Месото е квалитетно.

    • Маса на кокошките: 3,5кг

    • Маса на петлите: 4,5кг

    • Време на пронесување: 8 месеци

    • Несивост: 150-170 јајца со обоена лушпа.


    • Viajndot - Расата е створена во Америка. Постојат 14 соеви со различна боја. Крестата е црвена. Расата е средно крупна, с заоблен изглед и лираста грбна линија. Отпорна е, со мирен темперамент и лесно се тови.

    • Маса на кокошките: 2,5-3кг

    • Маса на петлите: 3-4кг

    • Време на пронесување: 6-7 месеци

    • Несивост: 150-180 јајца со обоена лушпа.


      1. Раси на живина со комбинирани производни својства

    • New Hempshire - Води потекло од Родајленд со селекција на порано полно созревање, побрзо оперјување, виталност и плодност. Перјето се прилепени за телото, има цигласта боја со златно жолти нијанси. Многу е распространета во нашата земја.

    • Маса на кокошките: 2,8-3,2кг

    • Маса на петлите: 3,5-4,2кг

    • Време на пронесување: 5 месеци

    • Несивост: 175-190 јајца со обоена лушпа.


    • Rodajland - Расата води потекло од САД. Перјето имаат темно црвена и сјајна боја. Телото е издолжено. Оваа раса претставува основа за стварање хибриди кои несат јајца со обоена лушпа.

    • Маса на кокошките: 2,5-3кг

    • Маса на петлите: 3,5-4кг

    • Време на пронесување: 6 месеци

    • Несивост: 170-200 јајца со темно црвена лушпа.


    • White rock - Се карактеризира со брзо оперјување, брз пораст и изразени ширини и длабини на телото. Значаен е како основа за стварање на хибридни линии за производство на месо.

    • Маса на кокошките: 3-4кг

    • Маса на петлите: 4-5кг

    • Време на пронесување: 7 месеци

    • Несивост: 200 јајца со обоена лушпа.


    • Saseks - Расата е создадена во Англија. Се одликува со извонреден принос и квалитет на месото. Се користи за стварање на линиски хибриди за производство на месо.

  • Маса на петлите: 3,5-4кг

  • Време на пронесување: 6 месеци

  • Несивост: 160-180 јајца со обоена лушпа.


    • Amrok - Расата е создадена во Германија, на база на плимутрок. Кај кокошките црните пруги на бојата на перјето се пошироки во однос на петлите поради тоа што истите изгледаат нешто потемни.

    • Маса на кокошките: 2,2кг

    • Маса на петлите: 3,5кг

    • Време на пронесување: 7-8 месеци

    • Несивост: 200 јајца со обоена лушпа.


    • Australorp - Расата е створена во Австралија со вкрстување на црниот Орпингтон со други раси со цел постигнување на поголема несивост. Значаен е по тоа што се користи за вкрстување со други раси заради добивање на хибриди со висока несивост.

    • Спаѓа во средно - тешките раси

    • Време на пронесување: 6-7 месеци

    • Несивост: 170-180 јајца со посветла лушпа.


    1. Различните делови на труп кај бројлери


    Месо од живина се целите трупови, конфекционираните делови од трупот или други јастиви кланични производи од живината. Месото од живина може да биде претпакувано или непретпакувано. Цели трупови се заклани кокошки, патки, гуски, мисирки, со или без внатрешни органи. А пак, конфекционирани делови од труп се јадливи кланични производи и делови од телото препознатливи по својата големина и карактеристиката на мускулите.

    Под половинка се подразбира половина од трупот која се добива со примена на "рбетен" или "граден" рез. Рбетниот рез се изведува по средната линија на рбетот, се до последниот пршлен. Градниот рез се изведува по средината на градната коска.

    Под четвртинка се подразбира предна и задна четвртинка. Тие четвртинки се добиваат од половинки со примена на "слабински" рез. Тој рез почнува во пределот на спојување на последниот грбен и првиот слабински пршлен, а се изведува под прав агол, во правец на долниот дел на последното ребро.

  • Градите се дел од трупот кој се добива со примена на "ребрен" рез. Тој рез почнува над вратот на рскавичниот дел на градната коска и се пружа во пределот на линијата на спојување на градните и грбните ребра, во правец на рамениот зглоб и завршува во пределот на тој зглоб.

    Крилјата се добиваат со рез во пределот на зглобните површини на рамената и коракоидната коска. Крилјата се составени од мали батаци, среден дел на крила и завршен дел на крила.

    Батакот и карабатакот се добиваат со примена на рез кој почнува под батакот и се изведува во правец на карличниот зглоб. Во пределот на ацетабулумот се пресечува цврстото ткиво на бедрената односно карличната коска. Бедрената, односно карличната коска (седна и срамна) не смеат да бидат оштетени повеќе од 5мм, од линијата на расечувањето. Резот завршува покрај срамната коска.

    Грб со карлица се добива со одвојување од трупот на крилјата, градите и батакот со карабатакот. Грбот може да биде и со врат.

    Основните делови на трупот од живината може да се расечуваат на помали делови.

    Половина гради се добива кога градите ќе се расечат во две приближно еднакви половинки, со примена на граден рез.

    Со расечување во пределот на коленовиот зглоб, се добива батак и карабатак.

    Расечувањето на трупот на закланата перната живина, како и откостувањето на месото мора да се изврши најкасно 24 часа по колењето, а во просториите во кои се врши расечувањето и пакувањето на месото и на деловите кои се јадат, мора де се одржува температура на не повеќе од 10оЦ, а во просториите и уредите за чување на месото и на деловите кои се јадат до 4оЦ.

    На пазарот може да се најдат пилиња или бројлери до 2,5 месеци, пилиња од 2,5 до 6 месеци, млади кокошки од 6 до 12 месеци и стари кокошки постари од 1 година.

    Најценети и најмалку масни делови од пилето се филеата бело месо, после нив батаците, карабатаците, нозете и крилата. Џигерите и  срцето исто така се јадат и тие обично се преработуваат.

    Живинарските фарми за зголемување на консумираноста на пилешкото месо и за зголемување на профитот пилињата ги  хранат со концентрати кои содржат одредени адитиви и антибиотици, па затоа пилешкото толку брзо го имаме на трпеза. Дури 3/4 од гоењето на живината може да се дефинира како индустриска. Бројлерите излегуваат во промет после 5 до 9 недели. Пилињата после 9тата недела имаат импресивни 4 кг и тоа им оди во полза на фармерите бидејќи тогаш растот се успорува.

    Кај кокошките,
    мускулите
    за
    летање, кои не се приспособени на постојана употреба, содржат помалку
    кислородоносен
    миоглобин
    отколку ножните мускули, и затоа се посветли по боја. Имено ова е разликата помеѓу „бело месо“ и „темно месо“.
    Водните птици се прилагодени за постојан лет, и затоа нивното градно месо е темно.


    Различни делови од трупот на бројлери


    Месото од живина наменето за директна хумана исхрана во промет се става во форма на цели трупови
    или конфекционирани делови од труп, како:

    • свежо или оладено,

    • замрзнато и

    • брзо замрзнато.

    Целите трупови на пазарот се пласираат како:

    • парцијално евисцерирани,

    • со внатрешни органи за хумана исхрана и

    • без внатрешни органи за хумана исхрана.

    Класирање на претпакуваното месо од живина

    Претпакуваното замрзнато или брзо замрзнато месо од живина според номиналната тежина се
    класира како:

    • за цели трупови:

    • помали од 1.100 g, во класи по 50 g,

    • од 1.100 до 2.400 g, во класи по 100 g и

    • над 2.400 g, во класи по 200 g и

    • за конфекционирани делови од труп:

    • помали од 1.100 g, во класи по 50 g и

      1. Трупови на домашна живина

    Петли и кокошки (Галлус доместицус)

    Пилиња, бројлери: пилиња, кај кои врвот на градната коска е рскавица;

    Петли, кокошки: птици, кај кои врвот на градната коска е окостен;

    Кастрирани (товени) петли: машки кастрирани петли по хирушки пат пред постигнување на половата зрелост и заколени најмалку на возраст од 140 дена. После кастрацијата петлите треба да бидат товени најмалку 77 дена;

    Јарки, млади петли: пилиња со тежина на трупот (без внатрешни органи, глава, и нозе) под 650 грама. Пилињата со тежина од 650 и 750 грама можат да бидат наречени јарки, ако возраста на колење не преминува 28 дена;

    Млади петли: машки пилиња од расата несилки, кај кои врвот на градите е непотполно окостен, и кај кои возраста на колење е најмалку 90 дена;


      1. Конфекционирани делови од живински трупови


    • половинки: половина труп, се добива со надолжен правилен рез на градната коска и рбетот.


    • четвртинки: половинка разделена со слабински рез.


    • неразделени четвртинки со бутовите: двете четвртинки со бутовите заедно со грбот со или без тртокот.





    • гради, бело месо или филе со коска: градната коска и ребрата или нивни делови, поделени на два дела, заедно со мускулатурата која ги опкружува. Градите можат да бидат цели или половинки.


    • батак и карабатак: фемур, тибиа, фибула, заедно со мускулатурата што ги опкружува, каде и двете парчиња се исечени на зглобовите.


    • пилешки карабатак со дел од грбот: каде телото на грбот не

        • треба да е поголем од 25%.


    • карабатак: фемур, заедно со мускулатурата која ја опкружува, и двата реза се направени на зглобовите.


    • батак: тибиа и фибула, заедно со мускулатурата која ги опкружува, и двата реза се направени на зглобовите.


    • крило: хумерус, радиус и улна коска, заедно со мускулатурата која ги опкружува. Кај крилата од мисирки, рамената и лакотната коска со мускулатурата можат да бидат претставени одвоено.


    • филе од гради, бело месо: цели или половина обезкостени гради, без градната коска и ребрата. Филето од гради кај мисирки може да содржи само длабок граден мускул.


    • обезкостен пилешки батак и карабатак: батак и карабатак без бутна, голеница и лисна коска.





    1. Состав и својства на месото од живина

    Месото од живината за разлика од месото на цицачите содржи помала количина на врзивно ткиво што резултира со помека градба на мускулното ткиво, поволен однос на белковините и мастите и со тоа подобра сварливост. Бојата на месото звиси од видот на живината, така да кокошките и мисирките имаат посветла боја на месото од месото на патките и гуските кое е потемно. Исто така постои и разлика во бојата на месото и кај еден и ист вид на живина, на пример, кај кокошките мускулатурата на градите е со посветла боја од мускулатурата на вратот и нозете. Хемиските разлики на темното и светлото месо се во тоа што темното месо има повеќе масти, а светлото повеќе белковини. Хемискиот состав на различните видови на живинско месо се дадени во следната табела.

    Хемиски состав на месо од различни видови живина

    Видови

    Состав во 100 грама месо

    Вода во %

    Белковини во %

    Масти во %

    Минерални соли- грами

    Бројлери

    71.2

    20.2

    7.2

    1.1

    Кокошки

    55.9

    18.0

    25.0

    1.1

    Мисирки

    58.3

    20.1

    20.2

    1.0

    Патки

    54.3

    16.1

    28.6

    1.0

    Гуски

    49.7

    15.9

    33.6

    0.9

    Застапеност на аминокиселини во 100 грама пилешко месо е следен: 8.14мг-лизин, 4.57мг-хистидин, 7.02мг-аргинин, 9.38мг-аспарагинска киселина, 4.33мг-треонин, 11.30мг-серин, 11.60мг-глутаминска киселина, 4.05мг-пролин, 3.86мг-глицин, 0.60мг-аланин, 6.69мг-валин, 0.14мг-метионин, 2.49мг-изолеуцин, 3.73мг-тирозин и 3.14мг-фенилаланин.

    Месото од живината содржи поголема количина на витамини од групата на В-комплексот, а особено ги има витамините В1, В2, В12. Од минералите живинското месо го содржи макроелементите: натриум, калиум, калциум, магнезиум, железо, фосфор како и микроелементите: бакар, цинк, молибден, кобалт, јод и селен.

    Мирисот и вкусот на живинското месо исто така се карактеристични. Истражувачите констатирале дека фракции кои влијаат на мирисот кај живинското месо се гликозата, фруктозата и еден неидентификуван шеќер, млечна киселина, 16 амино киселини кај светлото месо, 11 амино киселини кај темното месо, амини, инозинмонофосфат, карбонилни и сулфахидрилни соединенија. За типичната арома на живинското месо најважни се карбонилните соединенија, без која живинското месо би имало арома на говедско месо.

      1. Истражувања направени во однос на хемискиот состав на пилешкото месо

    Бројлерите се пилиња кои се исклучиво товеници и во принцип само седат и се гојат. Од таквиот начин на живот тие имаат и проблеми со нозете. Меѓутоа, ако нивната животна средина се направи на поинаков начин и доколку тие се активираат на некој начин, би можеле да се добијат и различни показатели во однос на хемискиот состав на нивното месо.

    Истражување направено врз австралиските пилињата, прави споредба во однос на приносот и комплетниот хемиски состав на пилињата одгледувани во Европа и САД. Добиени се следниве резултати: пилешките гради содржат 74,70 g / 100 g вода, 1,60 g /100 g масти и 22,25 g/100 g белковини. Покрај градите, е испитуван хемискиот состав на ногата и посебно само за бутот. За ногата е добиено дека има 75,200 g /100 g вода, 4,800 g /100 g масти, 18,500 g/100 g белковини и 1,000 g /100 g минерални материи. Потенцирано е дека ова се однесува за австралиските пилиња, додека мали и несигнификантни разлики постојат во однос на хемискиот состав кај пилињата од Нов Зеланд и од САД. Хемискиот состав на бутот е 75,000 g /100 g вода, 5,000 g /100 g масти, 18,256 g /100 g белковини и1,000 g /100 g минерални материи.

    1. Истражување на корелацијата помеѓу труп и неговите парчиња кај различни бројлери и корелацијата на различните тежини на парчиња крила и гради кај трупови на бројлери


    Во ова испитување беа употребени 64 бројлери од Коб расната линија со тежина од 1300-1400г (I група) и 72 бројлери со тежина од 1500-1600 (II група). Сите бројлери беа на возраст од 40 дена.


    Swap your papers